Тотенхем работи на можноста да го ангажира Тосин Адарабиојо од Челси, пренесуваат последните информации од Островот.
Дефанзивецот на Челси се појавил како конкретна опција за „спарси“, но неговото пристигнување во лондонскиот тим во моментов е условено со заминување на Кевин Дансо.
Имено, Тотенхем е подготвен да разгледа продажба или позајмица на Дансо, а доколку австрискиот репрезентативец го напушти тимот, Адарабиојо би можел да биде избран како негов наследник во одбраната.
Адарабиојо има големо искуство во Премиер-лигата, а во Челси пристигна како слободен агент од Фулам. Неговите физички карактеристики и искуството во англискиот фудбал го прават интересна опција за Тотенхем.
„Спарси“ во последните денови од преодниот рок внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да реагираат доколку се отвори простор во дефанзивната линија.
Засега, сепак, приоритет е иднината на Дансо. Доколку тој си замине, Тотенхем би можел веднаш да тргне во реализација на трансферот на Адарабиојо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
