Тотенхем вчера славеше опстанок во Премиер-лигата откако стигна до посакуваниот триумф во последното коло над Евертон, а навивачите на лондонскиот клуб денеска имаат две нови причини за задоволство.
„Спарси“ и официјално ја договорија соработката со две одлични засилувања, кои ќе пристигнат во тимот на Роберто де Зерби без никаква отштета. Станува збор за Енди Робертсон и за Маркос Сенеси, кои од претходно ги имаа договорено условите за соработката, но се чекаше Тотенхем да го осигура опстанокот, за да може да си ги дозволи платите на двете квалитетни засилувања со новиот премиерлигашки буџет.
Робертсон со години беше дел од Ливерпул, освои се што можеше со „црвените“, а во меѓувреме го одби Атлетико Мадрид и реши да потпише договор со Тотенхем за да остане дел од најсилната лига во светот.
Истото се однесува и на Сенеси, кој имаше на маса богата понуда на Јувентус, но аргентинскиот дефанзивец по напуштањето на Борнмут реши да остане во Премиер-лигата и ја прифати понудата на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
