Тотенхем веќе не личи на сериозна екипа

Тотенхем сезонава повторно ќе биде далеку од борбата за висок премиерлигашки пласман откако резултатската криза на лондонскиот тим се продлабочи со вечерашниот пораз од Борнмут (1-0). Ова беше шести пораз во досегашните 14 средби на „спарси“ во Премиер-лигата, по што овој тим падна на десеттото место на табелата, со 15 бода заостанување зад лидерот Ливерпул.

Тренерот Постекоглу изненади со одлуката мечот да го почне без Сон и Педро Поро, двајца клучни првотимци чие отсуство се почувствува во играта на „спарси“. Борнмут знаеше како да го искористи тоа, домаќините доминираа и заслужено поведоа преку дефанзивецот Хујсен, кој со 19 години и 235 дена стана најмлад стрелец во премиерлигашката историја на својот клуб. Во вториот дел во игра влегоа и Сон и Постекоглу, но Тотенхем се мачеше да влезе во ритам, напротив Борнмут беше тимот што ги имаше најубавите шанси во второто полувреме, но мечот заврши со минимална победа на домаќините од 1-0.

Фулам во последниот меч од оваа рунда славеше на домашен терен над Брајтон со 3-1. Ивоби донесе предност за домаќините, Балеба израмни со прекрасен погодок од дваесетина метри, но Фулам стигна до триумф благодарение на вториот гол на Ивоби и несреќниот автогол што си го постигна О’Рајли.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...