Тоти не ја исклучува можноста да се врати во Рома

Франческо Тоти пред осум месеци ја напушти Рома, но сега по промената на сопствениците би можел да се врати во својот матичен клуб. Тоти по играчката кариера имаше функција советник на спортскиот директор, но минатото лето одлучи да ја напушти поради несогласување со Џејмс Палота.

Нов сопственик на Рома наскоро и официјално ќе стане Ден Фридкин, што медиумите во Италија веднаш ги мотивираше да почнат да поставуваат прашања дали „принцот на Рим“ ќе се врати во клубот за кого настапуваше во текот на целата кариера.

„Ако ме контактираат, сигурно ќе им се јавам. Ќе проценам што ми нудат, па потоа ќе донесам конечна одлука“, изјави Тоти. 

Франческо Тоти дел од Рома беше 15 години од 1992 до 2007 година.

Се вчитува...