Тоти ќе биде соиграч на Алиоски – потпишува за Лидс Јунајтед?

Легендата на италијанскиот фудбал и Рома, Франческо Тоти планира враќање на фудбалските терени. Клубот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е подготвен да направи сензационален потег и во своите редови да го донесе легендарниот Тоти.

42-годишниот Тоти фудбалската кариера ја заврши во 2017 година по одиграни 786 натпревари и постигнати 307 гола. По завршувањето на кариерата седна на местото директор на клубот, но поради несогласување со новите сопственици тој одлучи да го напушти клубот по 30 години.

Покрај Тоти, Лидс јунајтед во своите редови сака да донесе уште една италијанска легенда. Изминатите денови медиумите во Европа објавија дека клубот од чемпионшип е подготвен да потпише со Џанлуиџи Буфон.

Се вчитува...