Тото Волф: Брегзит ќе биде кошмар за британските Ф1 тимови

Шефот на Формула 1 шампионот Мерцедес, Тото Волф, предупредува дека Брегзит без договор со Европската унија ќе биде кошмар за тимовите кои се стационирани во Велика Британија. Тој тврди дека ваквата ситуација би донела огромна предност за Ферари и за Ред Бул. Дури осум од десетте Ф1 тимови се со бази во Англија.

„Брегзит без договор ќе има огромно влијание на нашите операции, од патувањето на трките па се до развивањето на болидите“ – вели Волф.

Тој објаснува дека Мерцедес кој се потпира на олеснетото движење меѓу Британија и ЕП во набавката на делови веќе размислува за други решенија околу опремата и вработените ако се случи најавеното излегување од Унијата.

Велика Британија е на пат кон излез од Европската Унија, крајниот рок е 29 март, а засега премиерката Тереза Меј не успева да обезбеди поддршка за договорот што го направи со ЕУ.

 

 

Се вчитува...