Тото Волф останува во Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф најави дека ќе остане во Мерцедес и следната година, но се уште не е донесена одлука на која позиција. Под негово водство Мерцедес шест години по ред ја освојува титулата во конкуренција на возачи и конструктори, но договорот му истекува на крајот на сезонава.

Веќе подолго време се шпекулира дека тој би можел да го напушти тимот, но сето тоа го демантираше откако изјави дека останува и следната година во Мерцедес.

„Го сакам овој тим и мислам дека ова е моето место. Најважно ми е да донесам вистинска одлука за себе и мојата фамилија, но може да бидете сигурни дека на било кој начин ќе останам во тимот“, изјави Волф. 

Покрај тоа што е шеф на тимот тој има и 30 отсто од ацкиите на тимот, а го води и целиот систем на Мерцедес во авто-мото спортот.

Се вчитува...