Тото: За скопјани Вардар е повеќе од клуб, едвај чекам да го облечам новиот дрес

Францускиот пивот Жереми Тото треба да биде големо засилување за „вардарци“ во новата сезона. Станува збор за ракометар кој игра извонредно во одбраната, а знае да даде и значаен придонес во нападот.

Тој не го криеше воодушевувањето од трансферот во Вардар, што за него сигурно претставува значаен чекор напред во кариерата.

„Го гледав Вардар во живо во Келн кога стана европски шампион, секако дека кога ми се укажа можност да потпишам договор со овој клуб не размислував премногу. Дојдов овде во неделата и првите впечатоци се одлични. Јас лани бев во Висла, во мало место како Плоцк, она пто го видов во Скопје навистина ме воодушеви. Она што најмногу ми се допадна е што за скопјани Вардар е повеќе од клубот, тоа ми е повеќе од јасно од првите разговори што ги имав во луѓето во градот. Тоа ми е само мотив повеќе, едвај чекам да го облечам новиот дрес и да дадам свој придонес за да им донесеме многу радости на навивачите“, изјави Тото.

Се вчитува...