Традицијата продолжи: Крст се фрлаше и во Мец (ФОТО)

mec baner

Од традицијата нема бегање, ниту кога си на околу 2.000 километри од Македонија. Еден од традиционалните ритуали за време на настапите на нашите ракометари на големите натпреварувања е одбележувањето и на Водици, со фрлање на „крстот“ за кој се „борат“ членовите на „фалангата“.
Овојпат собирот се одржа во Православната црква во Мец, а крстот заврши во рацете на Мики Поповски, кој е редовен посетител на сите настапи на нашиот национален тим на големите натпреварувања.
krst mec3
krst mec2
krst mec4

Се вчитува...