Традицијата продолжи – Одбојкарите со ново „победничко селфи“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе има трет обид да стигне до златото во Европската сребрена лига, откако во полуфиналниот меч славеше над Хрватска со 3-2 (15-25, 25-19, 25-22, 21-25 и 15-12).

Струмичката публика им даде „ветер во грб“ на одбојкарите кои на најдобар можен начин и возвратија со триумф и ново финале.

По мечот традицијата продолжи. Васе Михаилов е задолжен за победничкото селфи, за кое одбојкарите ветуваат дека и утре во финалето ќе го повторат.

Се вчитува...