Трагедија: Чешки фудбалер почина во сообраќајна несреќа во Турција

Страшна сообраќајна несреќа се случи синоќа во Турција, откако чешкиот фудбалер Јозеф Сурал го загуби животот кога комбе што ги пренесуваше фудбалерите на Аланија излета од автопатот на само неколку километри од овој турски град.

Сурал и уште шест фудбалери на Аланија изнајмиле ВИП комбе за да ги пренесе побрзо назад по гостувањето против Кајсери. Остатокот од тимот се вратил со клупскиот автобус, додека патувањето со ВИП-комбето се претворило во вистински кошмар за седумте играчи откако возачот загубил контрола над возилото пет километри пред Аланија.

Останатите фудбалери минале со полесни телесни повреди, додека Сурал имал тешки повреди на главата, поради што итно бил пренесен во болница, каде лекарите ја загубиле борбата за неговиот живот.

„Возачот на комбето е приведен на информативен разговор. Имаме сознанија дека тој е виновен за несреќата, иако во комбето имало двајца возачи, и двајцата заспале во кобниот момент“ – изјави претседателот на Аланија, Хасан Кавусоглу.

Се вчитува...