Џаба Двали, поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Грузија и еден од најдобрите стрелци во Првата лига на својата земја почина на 41-годишна возраст ненадејно од срцев удар.
Двали настапуваше за бројни грузиски тимови меѓу кои и Зестафони и Динамо Тбилиси. Тој има четири титули во шампионатот на Грузија, а двапати ја имаше титулата најдобар стрелец во првенството на Грузија.
Напаѓачот има и еден настап за грузиската селекција во 2012 година. Ја заврши кариерата во 2022 година, а потоа извршуваше други функции, меѓу кои и директор на младинската академија во Зестафони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
