Страшна вест ја потресе спортската јавност во регионот откако „Спортклуб“ прв објави – денеска во Сараево на 47-годишна возраст почина Един Авдиќ.
Како што информираат од „Спортклуб“, трагичната вест е потврдена од повеќе различни извори, притоа не наведувајќи детали околу големата трагедија.
Авдиќ беше еден од најпознатите спортски новинари на просторите на поранешна Југославија, исклучителен коментатор и колумнист, специјализиран за кошаркарските натпревари со детално познавање на НБА и на случувањата во европската кошарка.
Тој во успешната кариера работеше во повеќе различни медиуми, а во последно време го водеше популарниот подкаст „Удвојување“ и авторската емисија “X&O’s chat“ на телевизија Уна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
