Трагедија: Поранешен играч на Торино пронајден мртов во својот автомобил

Италијанскиот фудбал е завиен во црно по веста за смртта на поранешниот играч на Торино, Акем Омоладе. Овој 39-годишен поранешен фудбалер бил пронајден мртов во својот автомобил недалеку од Палермо.

Омоладе исто така играше за Тревизо, Реџиана и 10 други клубови пред да се пензионира во 2017 година.

Телото на Нигериецот го пронашле минувачи, и ги известиле карабинерите. На неговото тело немало траги на насилство, а било предадено на обдукција.

Се вчитува...