ТРАГЕДИЈА: Се обеси поранешен фудбалер на Црвена Звезда

Милош  Дробњак, поранешен фудбалер на Црвена Звезда изврши самоубиство на 41- годишна возраст. Тој е пронајден обесен во Угриновци. Самоубиството го извршил во понеделникот, а телото му е пронајдено денес, известува српски „Телеграф“.

Беше дел од славната генерација на Црвена Звезда во која играше со Дејан Станковиќ, Перица Огњеновиќ, Ненад Лалатовиќ, Горан Друлиќ… подоцна настапуваше и за Милиционар, Спартак, Будуќност, Вележ, полската Шчаковианка и бугарскиот Ботев во кој ја заврши кариерата пред 10 години.

Пред половина година побара финансиска помош за неговата тешко болна сопруга Душица.

“Не можам да обезбедам доволно средства за лекови кои и се неопходни. Не можам бидејќи постојано морам да бидам покрај неа. Душица е се што имам, затоa ве молам помогнете ми”, замоли Дробњак во август минатата година.

Се вчитува...