Трагедија во Египет: Коментираше меч од СП, и почина од мозочен удар

Поранешниот египетски фудбалер Абдел Рахим Мохамед почина од мозочен во ТВ студио како стручен коментатор, и тоа веднаш откако неговата репрезентација прими гол во 95.минута од Саудиска Арабија и загуби со 2-1. Мохамед како поранешен фудбалер и тренер на најпопуларниот египетски клуб Замалек беше повикан во студиото на ТВ каналот „Нил Спортс“ за да учествува во експертизата на натпреварот, но сето ова имаше трагичен крај.

Откако претре мозочен удар, Абдел Рахим Мохамед беше итно пренесен во болница во Каиро, но лекарите не можеле да го спасат. Поранешниот египетски голман Ахмед Фавзи кој сега работи како спортски новинар, сведочел на грозните сцени во студиото по завршувањето на мечот.

„Каква трагедија, не можеме да си поверуваме што се случи. Тој и претходно се жалеше на болки во градите“, изјави Ахмед Фавзи.

Инаку натпреварот меѓу Египет и Саудиска Арабија немаше големо резултатско значење, затоа што и двете селекции го напуштаат Мундијалот по првата фаза.

Се вчитува...