Трагедија во хокеј: По удар во глава, играч се сруши на мразот и почина… (ВИДЕО)

Страшна трагедија ја снајде Русија откако почина 19-годишниот Тимур Фајзутидинов, капитен на младиот хокеарски тим Динамо од Санкт Петербург. Тој подлегна на повредата што ја заработи на мечот со Локомотив во Јарослав, каде падна на земја откако беше удрен во глава.

Лекарите се бореа за неговиот живот три дена, но за жал не успеаја да го спасат. Иако повредата на почетокот не изгледаше сериозно, штом соиграчите и противничките хокеари му пријдоа на Тимур, видоа дека му треба помош.

Неговиот врат беше имобилизиран на теренот, па беше пренесен во болница, но за жал почина на 19-годишна возраст. Одигра над 200 натпревари за младиот тим на Динамо од Санкт Петербург, а другите дуели во младинската лига и во КХЛ ќе започнат со едноминутно молчење.

“Денешниот четвртфинален натпревар помеѓу Динамо и Оилман ќе започне со едноминутно молчење во чест на младиот играч. Тој засекогаш ќе остане во нашите сеќавање, засекогаш во нашите срца”, напиша Динамо во изјавата.

Се вчитува...