Трагедија во Русија: 18 годишен фудбалер почина на терен по само 5 минути игра

Уште еден млад живот згасна, овој пат на теренот во средината на играта. Младиот фудбалер Никита Сидоров (18) почина на стадионот Торпедо во Орехово-Зуево, недалеку од Москва, откако помина само пет минути на теренот.

„Лекарите и брзата помош пристигнаа многу брзо. Се бореа за неговиот живот час и половина, но за жал, го изгубивме. Тој беше најздрав од сите“, рече Михаил Пузанов, директор на најстариот сè уште активен клуб во Русија.

Според првите информации, причина за смртта е оштетување на мозокот, т.н. церебрална аневризма. Сепак, резултатите од обдукцијата се уште се чекаат за да се потврди што всушност довело до трагедијата. Рускиот фудбалски сојуз, како и самиот клуб, изразија сочувство до семејството и пријателите на починатиот.

Во 2015 година, Никита започна да игра за Знамија Труди, од каде се пресели во СС Спартак-Орехово, за кој играше од 2016 до 2018 година. Во 2019 година, тој се врати во Занимаја Труда, за до крај да игра за споменатиот клуб во руската Б лига.

Се вчитува...