Фудбалерот на Калјари, Раџа Наинголан објави тажна вест. Имено, неговата внука ја изгуби битката со ракот. Италијанските медиуми пишуваат како внуката на Наинголан веќе некое време се борела со тешката болест.
„Душо на сите ни недостигаш. На твоето момче, деца, татко, на браќата и сестрите, на сите. Така млада, уште не можам да верувам. Сега оди кај мама и прегрнија. Таа ќе те чува“, напиша Наинголан на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА