Трагична вест од Мадрид: Почина еден од најголемите таленти на Атлетико

Атлетико Мадрид е во тага откако денеска на 14-годишна возраст животот го загуби еден од најголемите таленти во неговата школа, 14-годишниот Кристијан Минчола.

Знамето на Атлетико деновиве ќе биде и на половина копје, во чест на сите кои го загубија животот од коронавирусот, но и во чест на младиот Кристијан Минчола.

„Последниве неколку денови ми починаа неколку блиску пријатели, дел од коронавирус, дел од други болести. Тоа што не можам да се простам со нив на начинот на кој заслужуваат, како и во случајот со Кристијан, ми го крши срцето. Кристијан имаше само 14 години. Испраќам бакнеж до неговото семејство и пријателите, и сите кои се дел од семејството наречено Атлетико Мадрид и кои страдаат“ – изјави генералниот извршен директор Мигел Анхел Хил Марин.

Се вчитува...