Трајковски асистент, Палермо повторно на врвот во Серија Б

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски асистираше во триумфот од 1-2 на Палермо на гостувањето против Перуџа во 22. коло од Серија Б.

Трајковски запиша убава асистенција уште во 2. минута од натпреварот за Пушкаш кој донесе предност од 0-1 за гостите. Истиот фудбалер потоа погоди и за водство од 0-2, а домашните во финишот успеаја да го ублажат поразот.

Александар Трајковски го одигра целиот натпревар за Палермо, а Илија Несторовски остана на клупата за резервни фудбалери полека враќајќи се и во комбинација за настап по паузата поради повреда.

Се вчитува...