Трајковски: Љубљана ќе биде првата контролна точка на нашиот пат кон ЕП

Македонија почна посакувано со три бода во новиот квалификациски циклус. Падна Летонија во Скопје со 3-1 па сега фокусот на македонските репрезентативци комплетно е насочен кон Словенија и утрешниот натпревар во Љубљана од кој повторно посакуваме позитивен резултат.

Александар Трајковски вели дека Македонија одигра на високо ниво, но има уште простор за напредок, а крајната цел е пласман на Европското првенство.

„Одигравме одличен меч против Летонија, но тоа е веќе зад нас. Не смее да се задоволуваме само со еден квалитетно одигран натпревар но мора да постои континуитет. Оваа генерација има несомнен квалитет, спој е на младост и искуство и сега треба да се обидеме да продолжиме во победнички стил. Не чека тежок меч со Словенија, подготвени сме за уште едно добро издание. Секако, целта е да го оствариме сонот за пласман на Европско првенство“ – порачува Александар Трајковски.

Се вчитува...