Трајковски: Покажавме квалитет на мечот во Скопје затоа Белгија сега повеќе не респектира

ЕКИПА ВО ГЕНТ, 

ГОРАН БОШЕВ

Фудбалската репрезентација на Македонија веќе втор ден е во Гент, каде утре ќе и гостува на Белгија во најважниот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Еден од најискусните во македонскиот табор, Александар Трајковски пред утрешниот меч вели дека Македонија покажала квалитет на мечот во Скопје и дека сега Белгијците имаат поголем респект кон нив.

„Белгијците доволно знаат со каква селекција ќе играат. Ние покажавме квалитет на мечот во Скопје. Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат.

Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е“, изјави Трајковски

Се вчитува...