Трајковски: Промашувавме на крајот, Италија знаеше да не казни

Македонската кошаркарска репрезентација поради пад на концентрацијата во последните неколку минути од натпреварот, загуби од Италија со 92-84 на премиерата во Перм во квалификациите за ЕП.

Според македонскиот центар Бојан Трајковски не чинеа промашувањата на крајот кои Италијанците знаеја да ги казнат. Но, како и да е, за нас е најважен дуелот со Естонија на патот до ЕП.

„Направивме некои отворени шута на крај на натпреварот и промашивме, противникот знаеше тоа како да го казни, сериозен тим како Италија знаеше како да го казни тоа. Наше е добро да се подготвувиме за утрешниот дуел со Русија, но на крај на денот за нас е најважен тој последниот натпревар со Естонија кој е одлучувачки, па ќе видиме како ќе настапуваме на следните два натпревари“ – изјави центарот Трајковски.

Се вчитува...