Трајковски се израмни со Артим Шаќири – трет на вечната листа на најдобрите стрелци (ВИДЕО)

Александар Трајковски со погодокот во 92. минута ја заокружи победата на Македонија од 4-0 против Гибралтар во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации.

Офанзивецот на Палермо, на тој начин, стигна до 15-от погодок во дресот на македонската репрезентација со што се израмни со Артим Шаќири на третото место на листата на најдобрите стрелци во историјата на националниот тим.

На второто место е Ѓорѓи Христов со 16 постигнати гола, а недостижен на врвот е Горан Пандев со 33 погодоци досега во играчката кариера за националниот тим.

Се вчитува...