Трајковски се врати во Палермо, и подари дрес на музејот… (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски деновиве се одмора на Сицилија, па неизбежно го посети и својот некогашен клуб Палермо, за кој настапуваше од 2015 до 2019 година.

Трајковски го посети музејот на Палермо каде го подари и својот дрес кој го носеше во минатото.

Македонскиот во моментов е член на Ал Феиха во Саудиска Арабија. Претходно во кариерата настапуваше и за Цементарница 55, Зулте Варегем, Мехелен, Мајорка, Интер Запрешиќ.

Се вчитува...