Трајковски: Жал ми е за младите…, ќе бидам тука се до крајот на мојот кошаркарски живот

Бојан Трајковски искажа отворена разочараноста поради неуспехот Македонија да се најде на завршницата на најдобрите на Стариот континент. Пред се, како што истакна, поради тоа што младите кошаркари нема да учествуваат на Евробаскетот кој толку многу го посакуваа.

„Тажен и разочаран сум само поради една работа, а тоа е што нашите млади кошаркари нема да играат на престојниот Евробаскет. Уште од почетокот имавме многу проблеми и ни недостасуваа многу играчи. Јас не играв на првите две средби, недостасуваа и други, но на крајот покажавме големо срце и желба за игра на секој натпревар, на секоја топка, докажавме дека можеме да играме против големи тимови како Италија, Русија и Естонија. Ќе се обидеме да ги поправиме грешките и да дојдеме на следните квалификации со поголемо искуство на нашите млади кошаркари“ – истакна Трајковски по дуелот со Естонците, притоа дополнувајќи:

„Кажав еднаш и во Македонија дека ќе играм за мојата држава се додека играм кошарка. Посебно сега кога овие млади играчи ми даваат сила и мотивација. Ќе бидам тука за нив до крајот, за да им помогнам за се што им треба и ќе остане така до крајот на мојот кошаркарски живот“.

Се вчитува...