Тракаи притиска за „случајот Максимов“: Бара од ФИФА да го казни Вардар со забрана за трансфери

Литванскиот клуб Тракаи, од каде рускиот интернационалец Максим Максимов дојде во Вардар, ја продолжува правната битка сакајќи да докаже дека трансферот е нелегален. Тие имаат барање до ФИФА во кое бараат Вардар да плати финансиска отштета, но и да биде казнет со забрана за трансфери во два преодни рока, поради нелегални преговори со фудбалерот кој наводно имал договор со Тракаи до 2019 година.

Вардар ја активираше отштетната клаузула од договорот на Максимов вредна 50.000 евра, а ФИФА му даде провизорен сертификат на Русинот за настап во македонското првенство и во Купот.

Адвокатот на Тракаи, Михаил Прокопец, вели дека клубот сега очекува реакција од ФИФА, која најчесто ваквите случаи ги решава за време на паузите во првенствата.

„Верувајте, позната ни е ситуацијата, а во одредени случаи клубовите патат и поради правните регулативи. Но, договорот со Максим Максимов е легален, бараме од ФИФА да наложи Вардар да исплати отштета, на клубот да му биде забрането да регистрира нови фудбалери во два трансферни периоди, а самиот фудбалер исто така би бил санкциониран. Нашите барања имаат основа, не ги измисливме сами“, изјави Михаил Прокопец за литванскиот медиум „Республика“.

za maksimov

Се вчитува...