Трамп: Дури и Леброн некогаш изгледа паметен на ТВ

Претседателот на САД, Доналд Трамп и една од најголемите ѕвезди на НБА лигата, Леброн Џејмс, ја продолжуваат вербалната војна. Трамп, кој е познат по пречестото користење  Твитер му одговори на Џејмс. Кошаркарот пред неколку дена во интервју го прозва претседателот дека „го користел спортот за да го раздели народот“. Леброн за „Си-Ен-Ен“ разговараше со Дон Лемон.

„Леброн Џејмс го интервјуираше најглупавиот човек кој работи на телевизија. Го направи Леброн да изгледа паметно. Го сакам Мајк“– напиша Трамп во твитот.

Се разбира, во последната реченица, Трамп мисли на Мајкл Џордан и зазема страна во вечната дебата околу тоа кој е подобар, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс.

Леброн и претходно го критикуваше претседателот на САД во неколку наврати, најмногу поради приемот на Голден Стејт во Белата куќа и поради коментарите на Трамп за НФЛ играчите кои протестираа при интонирањето на американската химна.

 

 

 

Се вчитува...