Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе се кандидираат за домаќин на Светското првенство брзо, и го пофали успехот успехот на штотуку завршеното првенство во 2026.
Во интервју за „Фокс“, Трамп не дефинирал кога е тоа „брзо“, со оглед дека е познато каде ќе се одржуваат следните две Светски првенства, и тоа 2030 во Шпанија, Португалија и Мароко, додека во 2034 година тоа ќе биде Саудиска Арабија.
„Имам одлична идеја за Џани. Му реков: „Сега треба да објавиш уште две земји за следните два турнира. Објави нè за следниот пат, а потоа објави уште една земја, за да го отстраниш дел од гневот и шокот. Мислам дека тоа е одлична идеја. Врз основа на бројките, повторно ќе побараме да бидеме домаќини. Мораме да го направиме тоа додека сум тука. Слушаш ли, Џани?“ праша американскиот претседател.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
