Трансфер бомба – Атлетик Билбао го сака Гонзало Игуаин?

Атлетик Билбао е заинтересиран за услугите на искусниот напаѓач на Јувентус Гонзало Игуаин. На Аргентинецот договорот со италијанскиот шампион му истекува во јуни 2021 година, а клубот нема намера да го продолжи поради високата плата која ја зема (7.5 милиони евра), па тој повторно ќе биде достапен за трансфер следното лето.

Од друга страна тој би требало да донесе искуство во баскискиот клуб. Атлетик Билбао е познат по филозофијата во која во тимот смеат да настапуваат само фудбалери кои имаа потекло од Баскија, но Игуаин го исполнува и овој предуслов бидејќи неговиот прадедо е токму од оваа шпанска покраина.

„Татко ми ме учеше исто како што него го учеа, татко му и дедо му. Баскијците не се ниту Шпанци ниту Французи туку се посебен народ“, изјави Игуаин. 

Игуаин во кариерата покрај за Јувентус настапуваше и за екипите на Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Милан и Челси.

Се вчитува...