Трансфер-бомба од Англија: Чаби го бара Вирц во Челси

Челси успеа да го убеди Чаби Алонсо да го преземе лондонскиот клуб по разочарувачката сезона со која „сините“ останааа без излез во фудбалска Европа, а управата веќе најави дека ќе ги исполни сите желби на шпанскиот стратег, се со цел лондонскиот клуб што поскоро да се врати во борбта за трофеи.

Алонсо е максимално амбициозен, па како прва желба го навел својот миленик од времето минато во Баер Леверкузен, германскиот генијалец Флоријан Вирц. Извонредниот офанзивец минтото лето беше платен над 100 милиони евра од страна на Ливерпул, но не ја оправда скапата инвестиција на гигантот од „Енфилд“.

Алонсо е убеден дека знае како да го извлече максимумот од големиот ас, па побарал од Челси да се обиде да го доведе на „Стемфорд бриџ“.

Мисијата е речиси невозможна, Ливерпул нема да се откаже од Вирц по само една година, особено откако во меѓувреме беше сменет и тренерот Слот, но Челси е подготвен да плати над 130 милиони фунти во обид да го заинтересира големиот ривал за трансфер-преговори.

За потсетување, Aлонсо беше тренер, а Вирц главна ѕвезда на Баер во легендарната сезона во која „фармацевтите“ стигнаа до титулата во Бундес-лигата, и тоа без ниту еден претрпен пораз.

Се вчитува...