Трансфер не, но Феликс може на позајмица во Арсенал

Екипата на Атлетико Мадрид се согласи да го пушти Жоао Феликс на позајмица до крајот на сезоната. Португалецот веројатно во зимскиот преоден рок ќе бара клуб каде ќе ги мине следните шест месеци, откако има несогласувања со тренерот Диего Симеоне, па почесто е на клупата отколку на теренот.

Атлетико не сака да го продаде Феликс, кого го купи 100 милиони евра од Бенфика. За него има силен интерес од Арсенал, а се почесто се споменува и Манчестер Јунајтед. Но, кој клуб и да го доведе, треба да одвои девет милиони евра за позајмица на шест месеци, што е голема цифра со оглед дека треба да ја прифати неговата плата.

Во позајмицата ќе нема клаузула за можен откуп, туку дека Феликс по завршување на сезоната одново би се вратил во Атлетико.

Се вчитува...