Трансфер пред Келн: Милосављев во Фуксе Берлин до 2024 година

Дејан Милосављев по само една година мината во Вардар се реши за нов предизвик – преселба во Бундес-лигата и потпис со екипата на Фуксе Берлин. За преговорите меѓу Милосављев и Берлин се шпекулираше повеќе од два месеци, за денеска официјално да биде потврдено дека голманот на „вардарци“ потпишал договор со новиот клуб, со важност до 2024 година.

Милосављев е еден од најголемите таленти во Европа кога говориме за голманите. На млада возраст брани извонредно и горди сме што успеавме да го доведеме во своите редови“ – истакна тренерот Велимир Петковиќ.

Самиот Милосављев не го криеше задоволството што кариерата ја продолжува во најсилната лига во светот.

„Сонував да заиграм во Бундес-лигата, со овој трансфер желбата ми се исполнува“ – истакна српскиот репрезентативец во дресот на Вардар.

Се вчитува...