Трансферите продолжуваат и по истекот на преодниот рок со Давид Луиз, Пасторе…

Летниот преоден рок за сезоната 2021/22 заврши на полноќ, но и покрај тоа клубовите ќе можат да доведат нови засилувања во своите редови од списокот на слободни играчи кој е полн со искусни играчи кои во своите богати кариера настпуваа за најголемите европски клубови.

Оваа листа оди далеку подлабоко со поранешни освојвачи на Лигата на Шампионите и Лига Европа како Давид Луиз, Фернандо и Даниел Стариџ.

Покрај нив тука се уште Серж Орие, Анхел Ромеро, Николас Н’Кулу, Клемон Гарние, Оскар Ромеро, Гастон Рамирез, Пабло Галдамес, Жамерсон, Франк Рибери, Оливие Нчам, Роби Брејди, Хавиер Пасторе, Хатем Бен Арфа, Џек Вилшер, Елијаким Мангала, Шкодран Мустафи, Себастијан Џовинко, Вилфред Бони, а меѓу останатите на овој список се наоѓа и миленикот на Црвена Звезда, Марко Марин.

Се вчитува...