Трансферот на Хамес Родригез е 80% комплетиран

Хамес Родригез ги минува последните месеци како член на Реал Мадрид, откако „кралевите“ влегле во завршна фаза од преговорите за негова продажба. Хамес нема да се сели од Мадрид, туку ќе го облече дресот на Атлетико откако двата шпански гиганти постигнале начелен договор за трансферот на колумбискиот офанзивец.

Весникот „Ас“, кој важи за добро упатен кога станува збор за мадридските клубови, тврди дека 80% од трансферот е веќе договорен, а недостигаат само уште неколку детали за истиот да биде официјализиран. Хамес ќе ја доврши сезонава како член на Реал Мадрид, но не се очекува да има преголема улога ако се знае дека Зинедин Зидан речиси и да не сметаше на неговите услуги во изминатите девет месеци. Атлетико Мадрид и минатото лето сакаше да го доведе Родригез во својот табор, но тогаш „кралевите“ не дозволија реализација на трансферот на колумбискиот голгетер.

Реал тогаш инсистираше Колумбиецот да остане, одбивајќи неколку понуди за позајмица, но сега ситуација е поинаква, Хамес ќе има само уште една година од договорот, па „кралевите“ се принудени на продажба за да не дозволат тој во 2021 да си замине без никаква отштета. Атлетико во една таква ситуација понудил 25 милиони евра, сума што Флорентино Перез начелно ја прифатил.

Се вчитува...