Трансферот на Лукаку е најскапиот за 2021 година

ФИФA го објави извештајот за фудбалски трансфери за 2021 година. Најскапиот трансфер е оној на Лукаку кој од Интер се пресели во Челси. Без да ги открие сумите, беа откриени најскапите зделки, но треба да се напомене дека тука се вклучени само трансферите помеѓу клубови од различни земји.

На првото место е Ромелу Лукаку, а на второто Џејдон Санчо кој од Борусија Дортмунд се пресели во Манчестер Јунајтед. Ашраф Хакими е на третото место кој од Интер замина во ПСЖ.

Во првите 10 влегуваат и трансферите на Рафаел Вара, Теми Абрахам, Ибрахима КОнате, Мартин Одегард, Амад Диало, потоа Едуардо Камавинга и Брајан Гил.

Се вчитува...