Трапановски: Шампионските амбиции на Шкупи беа пресудни да ја прифатам понудата

Довчерашниот фудбалер на Академија Пандев, Кристијан Трапановски е првото засилување за Шкупи во зимскиот преоден рок.

Трапановски се одлучи да го замени дресот на „пандевци“, како што вели, само поради шампионските амбиции на Шкупи сезонава.

„Желбата беше да играм во клуб кој ќе се бори за титулата. Шампионските амбиции на Шкупи беа пресудни да ја прифатам понудата, па токму поради тоа многу брзо најдовме заеднички јазик со раководството на клубот“ – вели Трапановски.

21-годишниот младински репрезентативец Трапановски претходно во својата кариера има настапувано и за Славија Прага и Викторија Жижков во чешкиот шампионат, како и за Татран Прешов и Подбрезова во Словачка.

А, Шкупи за пролетниот дел од сезоната се очекува да се засили и со офанзивецот од Руанда, Абдул Рватубјаје кој во 2019 година мина и дел од подготовките на Шкупи, но тогаш не потпиша договор.

Се вчитува...