Тренчовски: Има уште простор за да го добиеме вистинскиот лик на тимот

Подготвувајќи се за својата дебитантска сезона во Првата лига, Академија Пандев загуби на вториот контролен натпревар од прилепска победа со 0-1.

Директорот на клубот, Југослав Тренчовски, сепак, е задоволен од начинот на кој течат подготовките потенцирајќи дека има време и место за напредок…

„Задоволен сум од прикажаното, но се уште има делови од играта каде треба да работиме повеќе. Има и време и место за напредок. Создадовме доста шанси, но за жал не ги искористивме. Во нашиот состав имаме осум играчи кои се под 22 години кои имаат голем потенцијал. Исто така имаме три играчи на проба кои ќе бидат со нас до крајот на подготовките, па ќе одлучиме што со нив. Задоволен сум и како се движевме, иако работиме напорно на тренинзите“– вели Тренчовски.

На натпреварот против Победа, можност да заиграат добија: Вујанац, Вареловски, Маневски, Темелков, Димов, Томовски, Родан, Бери, Михаилов, Ефремов и Енди. Во вториот дел влегоа и Алчевски, Атанасов, Марков и Чешмиџиев.

Следниот контролен натпревар е против Неа Саламина од Кипар.

Се вчитува...