Тренчовски: Планираме засилување со уште еден напаѓач

Академија Пандев со три нови имиња ги почна подготовките за пролетниот дел од шампионатот низ кој струмичани, како и минатата сезона, повторно се во битка за европски излез.

Шефот на стручниот штаб Југослав Тренчовски најавува можност за засилување на тимот со уште еден напаѓач, покрај веќе ангажираните Ангел Гранчов, Бојан Најденов и Ндуе Мујеци…

„Стартувавме со подготовките низ кои верувам ќе го реализираме зацртаното пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Ќе се обидеме составот да го дополниме со играчи на позициите на кои заминаа, Маслаќ кој се пресели во Раднички Ниш, Рајковиќ кој замина за Хонг Конг и голманот Денковски кој го засили второлигашот Кит Го. Нови фудбалери досега се Гранчов, Најденов и Мујеци, а според планираното очекуваме најмногу уште еден напаѓач со што би бил заокружен преодниот рок“ – ни изјави Тренчовски по првиот собир на тимот во новата година.

Се вчитува...