Тренчовски: Ремито во Струга како мотив сега за атак на бодови против Борец

Шефот на стручниот штаб на Академија Пандев, Југослав Тренчовски во очекување на денешната пресметка од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига против Борец вели дека начинот на кој се извлече претходното реми против Струга треба да биде мотив за вистинско издание на неговите избраници и атак на бодови против велешани.

„Освоениот бод од Струга е важен за психолошката состојба во екипата која не е на завидно нив. Ние и кога играме добро губиме, затоа сметам дека ремито во Струга ќе биде од големо значење бидејќи е извлечено кај тим кој речиси игра перфектно на домашен терен. Сето тоа е мотив против Борец, уште една повеќе од цврста екипа, да се одигра максимално“ – вели Тренчовски, кој нагласува дека поради неизрамнетите судиски критериуми Академија Пандев изминативе натпревари останала најмалку без шест-седум бода.

„Во Струга беше досуден пенал против нас. Не е проблем пеналот, туку критериумот кој не важи за Академија Пандев. Да ни досудуваа вакви пенали нам, сигурно, сега ќе имавме шест-седум бодови повеќе“ – вели стратегот на „пандевци“.

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА

Се вчитува...