Тренчовски: Успехот на Академија Пандев е заслуга на играчите

Академија Пандев по само две сезони во најсилната македонска фудбалска конкуренција обезбеди учество во европските купови. Како третопласиран на табелата, клубот ќе има можност да биде дел од квалфикациите за УЕФА Европа лигата. Шанса за уште поголем успех и историска прва титула, Академија Пандев има и во финалето на Купот на Македонија каде за трофејот ќе се бори со Македонија Ѓорче Петров.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, во интервју за ЕКИПА.МК зборува за успехот на неговиот тим, за амбициите во квалификациите, за иднината на клубот.

„На почетокот на подготовките немавме вакви амбиции, но веќе по подготвителните натпревари видовме дека овој тим има потенцијал за нешто повеќе од натпреварување во домашната лига. Морам да потенцирам дека целосната заслуга оди кај играчите. Овој резултат на Академија Пандев оди комплетно на сметка на играчите кои во разговорите со мене ми рекоа дека можат да се натпреваруваат во Европа, ми рекоа „имаме потенцијал и зошто да не го зграпчиме ова место кое води во европските купови“. Јас се горедеам со нивната храброст“.

За дебитантскиот настап во европските купови, Академија Пандев нема да менува многу во составот. Клубот смета дека актуелниот тим има потенцијал за предизвикот кој претстои. Амбицијата на клубот е минување на стартната квалификациска рунда.

„Ќе ни треба апсолутен мир и добри подготвки. Нема да брзаме со засилувања. Ќе се обидеме да ги продолжиме договорите со четворицата играчи на кои им истекуваат договорите. Не планираме засилувања, сакаме да вклучиме неколку играчи од младинскиот погон. Мислам дека овој тим има потенцијал и квалитет за успешен настап на европска сцена. За нас секако е успех да бидеме добри и да го минеме противникот во првото квалфикациско коло. Бидејќи ние не сме носители, ова е наше прво учество. Ќе направиме добра анализа на противникот и да успееме да ја реализираме таа цел, поминување на првото квалфикациско коло“.

Тренчовски очекувал малку поинаков расплет на сезоната во домашниот фудбал. За него изненадување се резултатите на неколку екипи кои имаат квалитетни состави.

„Јас очекував некои други тимови да бидат повисоко на табелата. Навистина сум изненаден за Работнички со оглед на квалитетот, по мој вкус е фудбалот што го игра Ренова, а Вардар и Шкендија дефинитивно се најсилни. Кога го гледаме редоследот на табелата сметам дека изгледот е реален, мислам дека Работнички, Ренова и Македонија ЃП би можеле да котираат малку повисоко“.

Академија Пандев полека си ја зазема позицијата во македонскиот фудбал. клубот гради и комплекс кој ќе биде дом за првиот тим, но и за сите помлади категории.

Се надевам дека во иднина ќе бидеме стабилен прволигаш, овој тим веќе созрева, следната ќе ни биде трета сезона во прволигашката конкуренција. Сметам дека ќе бидеме константни во Првата лига, а секоја шанса за подобар резултат секако дека ќе ја искористиме“ – завршува Тренчовски.

Се вчитува...