Тренерот на Борац се жали: Вистината за последните три-четири кола ќе излезе на виделина

Победата на Црвена Звезда во Чачак против Борац го остави МЗТ Скопје во игра за опстанок во АБА лигата. Аеродромци сега треба да слават на натпреварот во последното коло против Цибона на домашен терен, но и да се надеваат на оправдување на фаворитската улога на Будуќност против српскиот претставник.

Пo натпреварот против актуелниот шампион на АБА, тренерот на Борац Чачак, Дејан Мијатовиќ ја коментираше и ситуацијата во која се најде неговиот тим со фрлање на шпекулации за нерегуларности во последните натпревари во кои МЗТ Скопје забележа две победи.

„Се насочуваме на натпреварот во Подгорица, ни остануваат уште 40 минути. Не знам што би рекол за овие случувања во последните 3-4 кола. Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина кога ќе помине ова. Им честитам на моите момци на се што пружија бидејќи психолошки беше многу тешко да го одиграат денешниот натпревар по се што се случуваше. Ете, толку“, изјави Мијатовиќ.

Последниот натпревар од „невозможната мисија“ МЗТ Скопје ќе го одигра на 14.04 (петок) со почеток од 18 часот, а по евентуална победа ќе знае дали ќе опстане во АБА по средбата помеѓу Будуќност и Борац ден подоцна.

Се вчитува...