Тренерот на Бостон изневери актерка па се покрена петиција за доживотна забрана за работа

Тренерот на Бостон селтикс, Име Удока се соочува со суспензија од една година поради врска со членка на персоналот на организацијата, пренесуваат медиумите во Соединетите американски држави.

Удока бил во интимна врска, што се смета за кршење на правилата и ќе биде суспендиран, а останува прашање на колкав временски период. Во игра е и суспензија со која нема да смее да ја го води тимот цела сезона.

Удока ја изневерил својата сопруга, актерката Ниа Лонг па на социјалниот медиум Твитер се појави „петиција“ за да добие доживотна забрана за вршење на тренерска дејност.

Во случај Удока да биде суспендиран неговото место ќе го преземе неговиот втор асистент Џои Мазула.

 

Се вчитува...