Тренерот на Далас со критики до Дончиќ поради неговите навики да приговара кон судиите

Високиот пораз на Далс од Њу Орлеанс, е можеби најголемото изненадување на синоќешните натпревари во НБА Лигата. Иако беше солиден, сепак, Лука Дончиќ за своите стандарди имаше слаба вечер. 21 поен, 10 скокови и седум асистенции, но лошо шутираше (7/20), а ги утна сите шест обиди за тројка, и имаше седум загубени топки.

Новиот тренер на Далас, Џејсон Кид после натпреварот прв пат го критикуваше Дончиќ поради навиките кои одамна иритираат, а една од нив е констатно приговарање кон судиите, наместо да се враќа во одбрана.

„Сакам повеќе да играме пет на пет. Судиите немаат обичај да ја прекинат играта за да ја променат одлуката. Треба да постои дека постојат период на натпреварите кога времето се сопира за разговори со судиите. Додека се игра, транзициската одбрана е една од работите која мора да ја поправиме. А, ако се жалиме на судиите додека топката е жива, тогаш тоа ни носи штета. Мораме подобро да разбереме кога е време да се зборува за судиите“, рече Кид, мислејќи на Лука Дончиќ, а потоа се поправи.

„Колективно, како тим, не само Лука“, рече Кид.

Словенецот се сложи со одлуката и „машки“ ја прими критиката.

„Тренерот е во право, морам да прекинам со тоа“, рече Дончиќ.

Се вчитува...