Тренерот на Голден Стејт за 18-те слободни фрлања на Јокиќ: „Тоа е одвратно“

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер се обрати на медиумите после поразот од Денвер во еден од божиќните натпревари одиграни во НБА Лигата.

Американскиот тренер беше незадоволен од фактот што Никола Јокиќ изведе дури 18 слободни фрлања, и сите ги погоди. Запрашан за таа ситуација, тој одговори:

„Да сум навивач, не би сакал да го гледам второто полувреме. Не на ваков начин. Ова беше одвратно. Се тераат судиите да судат прекршоци, но то мора да го прават затоа што се тка научени Во последната децанија играчите станаа се попаметни, и им ја дадовме таа можност затоа што максимално користат да излезат на линијата за слободни фрлања“, изјави Кер.

Се вчитува...