Тренерот на Фиорентина, Џузепе Јакини, бил позитивен на коронавирусот и успеал да ја надмине болеста уште во декември. Ова го потврди претседателот на клубот Роко Комисо.
„Јакини исто така беше болен неколку месеци. Успеа да ја го победи коронавирусот и ја има мојата целосна поддршка“, истакна првиот човек на „виолетовите“.
Фиорентина е еден од клубовите кој имаше сериозен број заболени од Covid-19. Поизитивни беа Патрик Кутроне, Герман Пецела и Душан Влаховиќ.
На рестартот во Серија А, Фиорентина ќе се соочи со Бреша на 22 јуни, а во моментот се наоѓа на 13.позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА