Тренерот на Јокиќ за Ол-стар: Ова е најлошиот кошаркарски натпревар во историјата

Тренерот на Денвер, Мајк Малоун го предводеше тимот на Леброн од клупата на Ол-стар натпреварот одигран во Солт Лејк Сити, но и покрај тоа што вели дека му е чест што е дел од големиот НБА собир, воопшто не е воодушевен од спектаклот.

Причината е незалагањето во одбраната, а Малоун не верува дека работите можат да се подобрат…

„Чест е да се биде тука и да се биде дел од овој неверојатен викенд со големите играчи, но ова е најлошиот кошаркарски натпревар во историјата. Не знам дали може да се поправи. Секоја чест за Ембид и Ирвинг, тие навистина играа, се обидуваа да играат и малку одбрана. Никој не се повреди, беше шоу за навивачи, но тешко е да го издржите овој натпревар, нема да ве лажам“, искрено одговори Малоун.

Се вчитува...