Тренерот на Лапи: Шкупи даде два гола од исто толку шанси, имаше и лошо судење…

Тренерот на косовски Лапи, Тахир Бататина е незадоволен од поразот на неговиот тим од 2-0 од Шкупи во Скопје.

Бататина тврди дека Шкупи не заслужил таква победа, од само две шанси на целиот натпревар, потпомогната и од лошото судење. Според него, оваа предност е достижна на реваншот.

„Оваа победа од два гола разлика е незаслужена. Шкупи победи од само две шанси кои ги имаше на натпреварот. Примивме прв наивен гол, и потоа втор во самиот финиш. Имаше и неколку спорни одлуки на судиите, па кога се ќе се собере не заслуживме ваков пораз. Но, мислам дека имаме доволно време да се подготвиме. Оваа предност на домашен терен не е недостижна. Ќе се обидеме да ја анулираме иако Шкупи е квалитетна екипа“ – истакна Бататина на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...