Тренерот на Морнар ги повика навивачите на помош против МЗТ Скопје

МЗТ Скопје со триумфот над Цедевита Олимпија ги задржа шансите за опстанок во АБА лигата, но избраниците на Драган Николиќ за остварување на амбицијата ќе мораат да слават и на престојното гостување во петок од 18 часот против Морнар Бар. „Сино-белите“ го загубија првиот меѓусебен натпревар против црногорскиот тим па ќе имаат и мотив повеќе за тирумф.

Тоа добро го знае и тренерот на Морнар, Михајло Павичевиќ кој вели дека натпреварот против МЗТ е „да се биде или не“, а ги повика и навивачите на помош против македонскиот шампион.

„По сите случувања и промени дојдовме во ситуација да се биде или не. МЗТ повеќе не е истата екипа од првиот дел од сезоната. Со доаѓањето на Николиќ тие добија нова енергија, тоа е друг тим и тоа го потврдија со победа над Цедевита. Тоа е искусна екипа кој ги користи грешките на противникот. Победа е неопходна и за нив и за нас. Ќе биде тежок натпревар. Кој ќе биде попаметен и посмирен ќе има поголеми шанси за победа. Од овие натпревари зависи животот. Ги повикувам навивачите да не поддржат во голем број“, изјави Павичевиќ.

Се вчитува...